More

    Целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија, од 20 ноември (среда) ќе биде под влијание на моќен циклон со центар над Балканот и Италија

    spot_img

    Целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија, од 20 ноември (среда) ќе биде под влијание на моќен циклон со центар над Балканот и Италија. Овој циклон ќе донесе значителни промени во временските услови, со обилни врнежи, бурен ветер, па дури и снег.

    Ова го сподели метеопрогнозерот Славчо Попоски во својата најнова прогноза за периодот кој следи.

    – Снегот ќе биде присутен на поголемиот дел од Балканот следната недела. Кај нас во Македонија, ќе има обилен дожд, кој во четврток, 21 ноември, постепено ќе преминува во снег на повисоките места и планините. Дури и пониските предели, особено на западот и северот, ќе бидат погодени од повремен снег – објаснува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

    Според Попоски, врнежите ќе бидат придружени со бурен ветер, кој ќе достигнува брзина од над 80-90 км/ч, а локално дури и над 100 км/ч.

    Попоски нагласува дека се очекува можност за помало формирање на снежна покривка во пониските места.

    – Најголемиот дел од врнежите ќе бидат дожд, но како што ќе се приближува четврток, некои региони би можеле да добијат снежна покривка. Планините и повисоките места ќе бидат најпогодени – вели метеопрогнозерот.

    Во следните денови се очекуваат дополнителни прогнози и ажурирања. Славчо Попоски најавува дека ќе следат нови анализи за огромната промена на времето.

    – Во текот на новата недела ќе објавуваме дополнителни информации за влијанието на циклонот, како и за можноста за снежни изненадувања – додава тој.

    Граѓаните се советуваат да бидат подготвени за значителни промени во временските услови, особено оние кои планираат патувања или престој на отворено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img