Целата администрација, сите професори на Електротехничкиот факултет во Белград на чело со деканот Дејан Гвоздиќ денеска поднесоа оставка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Целата администрација, сите професори на Електротехничкиот факултет во Белград на чело со деканот Дејан Гвоздиќ денеска поднесоа оставка. Ова беше направено на седницата на Просветно-научниот совет на која ЕТФ требаше да даде изјава за ископот на литиум во србија и проектот „Јадар“, јавија белградските медиуми.

Деканот Гвоздиќ на седницата рекол дека раководството на факултетот поднесува оставка, дека ја разгледале состојбата во која се наоѓа факултетот и дека „не е добра“, како и дека „непотребно се нашле во тешка ситуација“.

Данијела Несторовиќ, пратеничка на Еколошкото востание, денеска на седницата на српскиот Парламент на која се расправа за литиумот изјави дека целото раководство на Електротехничкиот факултет во Белград поднело оставки. Таа додаде дека властите постојано вршат притисок врз граѓаните, професорите и факултетите и дека лажат за проектот и за компанијата „Рио Тинто“, што би експлоатирала литиум и бор во Јадр.

Share This Article