Поради дефект на улица Копенхагенска бр.4б, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Копенхагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски.
„Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9 часот. Поради специфичност на дефектот очекуваме санирањето да биде завршено во вечерните часови. За време на прекинот, ќе биде обезбедена цистерна со питка вода“, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
ФОТО: МИА