Рускиот претседател Владимир Путин му оддаде признание на славниот руски цар Петар Велики, на 350-годишнината од неговото раѓање, повлекувајќи паралела помеѓу сегашните случувања во Украина и неговата војна за враќање на руските земји.
– Петар Велики ја водел големата северна војна 21 година. Иако изгледа дека тој војувал со Шведска и земал нешто од неа, тој само вратил она што е руско – кажа Путин на отворањето на изложбата посветена на големиот руски цар.
На 106. ден од војната во Украина, тој ја спореди кампањата на Петар со актуелните руски воени операции.
– Очигледно, сега и ние треба да го вратиме она што ѝ припаѓа на Русија и да ја зацврстиме земјата. Ако тргнеме од фактот дека овие основни вредности ја формираат основата на нашето постоење, несомнено ќе успееме да ги решиме задачите со кои се соочуваме – кажа рускиот претседател.