Цар Борис бил испратен со нацистички знамиња – На социјалните мрежи се појави фотографија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фотографија објавена на социјалните мрежи покажува дека нацистички знамиња биле на пола копје во поворката со која на гробишта бил испратен бугарскиот Цар Борис Трети во 1943 година. Бугарија била земја членка на Тројниот Пакт во Втората светска војна.

Борис познат и како Саксобурготски бил погребан во Рилскиот Манастир. На неговиот погреб присуствувале делегации од сите три земји на силите на оската: Германија, Италија и Јапонија.

Борис починал од инфаркт во Софија, кратко по средбата со Хитлер во Берлин. Според една контроверзна и непроверена приказна од дневникот на германски полковник од тоа време вели дека докторите кои го лечеле, Германците Сајиц и Ханс Епингер, биле убедени дека тој починал од истиот отров кој бил најден во телото на грчкиот диктатор Јоанис Метаксас две години претходно.

За отровот биле потребни неколку недели за да предизвика смрт.

Share This Article