Трудовиот инспекторат го прошири надзорот во М-НАВ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) го прошири надзорот во М-НАВ, изјави директорката на ДИТ, Весна Томовска. Проширувањето на надзорот е по претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување и имаат и анонимна претставка за синдикатот.

– Добиени се дополнителни претставки, надзорот ќе продолжи понатаму. Затоа што  надзор ќе се изврши и во Агенцијата за вработување, а исто така ќе се постапи и по новопримените претставки од страна на неизбраните кандидати. Значи имаме претставки од двајца неизбрани кандидати, имаме претставка од анонимен подносител, членови на синдидатот и таа ќе ја дадеме во обработка. Што значи ќе се прошири надзорот и ќе ни треба повеќе простор и време – вели Томовска.

Таа очекува дека во текот на неделата координативен состанок и со Финансиска полиција, а на кој треба да разгледаат од двете области до каде се со надзорот во М-НАВ. Томовски истакна и дека инспекторите кои работат на овој надзор имаат обемна документација и работат и до 18 или 19 часот.

– Колегите ги разгледуваат, документацијата е обемна, затоа ве молиме за трпение, за да завршиме како што треба – вели Томовска.

МИА претходната недела објави дека тројцата инспектори ги разгледуваат четирите последни огласи за вработување, како и дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот. Последните огласи за вработување се четири, објавени беа 21 работно место, а пополнети се 17 извршители. Инспекторите со претседателот на синдикатот имаа и разговор и ја добија потребната документација. Инспекцискиот надзор од Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција во М-НАВ почна по  случувањата во оваа институција.

Share This Article