Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи
– Како одговор на новите санкции наметнати од официјална Отава… Русија од денеска, 15 март, ја дополнува својата листа на луѓе кои имаат забрана за влез во земјата со премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и одбрана Мелани Џоли и Анита Анан – се наведува во соопштението.
Како што се додава, руската црна листа го вклучува „мнозинство членови на Долниот дом на канадскиот Парламент“.