На социјалните мрежи во Србија прашина крена снимка од трудницата која не сакала да стави појас во авионот, а поради неа летот доцнел цел час. Тиктокерите велат дека се работи за авион на „Ер Србија“. По убедување со кабинскиот екипаж, повикана е службата за обезбедување.
Меѓутоа, тогаш се случил инцидент. Додека жената со детето во раце се движела кон излезот, еден од патниците замавнал и изгледал како да ја удира во грбот. Се вели дека жената побарала да седне на неговото место, но тој одбил.
На видеото се гледа како жената подзастанува кај мажот и му фрла марамчиња. Во истиот момент тој ѝ упатува неколку навреди.
Можеби ќе ве интересира
Коментарите за тоа кој е во право, а кој не, нагрнаа на интернет. Погледнете ја снимката: