More

    Трошоците за градба за една година скокнале за 5,6%

    spot_img

    Трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од годинава се повисоки за 0,4% отколку во второто тримесечје,  додека трошоците за материјали се пониски за 1,8, а трошоците за вработените се повисоки за 4,2%.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба, пак, со третото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,6%, трошоците за материјали се пониски за 2,5, а трошоците за вработените се повисоки за 22,8%.

    Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img