Трошоците на животот за една година во јануари бележат зголемување од 17,1 отсто а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13,3 отсто

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Трошоците на животот за една година во јануари бележат зголемување од 17,1 отсто а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Само во јануари во однос на декември лани трошоците на живот се зголемени за 0,1 отсто, а цените на мало се намалени за 0,4 отсто.

Според овие податоци во јануари поскапеле лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,5 отсто, месото за 0,6 отсто како и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 отсто. Највисок раст на цените во јануари од 1,9 отсто е забележан кај кафето, чајот, какаото, потоа кај рибата и морските плодови за 1,6 отсто и кај свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто. Жестоките пијалаци поскапеле за 1,1 отсто.

Во јануари, исто така, пораснале и цените кај собирањето смет за 4,6 отсто, електричната енергија за 3,7 отсто, кај цената на течните горива за домаќинства за 0,3 отсто, кај гасот и цврстите горива за домаќинство за 0,2 отсто и производи за лична хигиена за 1,4 отсто.

Пораст на цените имало и кај услужните и сервисни дејности.

Пониски цени од декември лани во јануари се регистрирани кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10,3 отсто, кај маслото и маснотиите за 3,2 отсто и кај виното за 0,5 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 23,4 отсто, снабдувањето со вода за 4,4 отсто и кај обувките за 2,6 отсто.

Share This Article