More

    Тројца загинати во руски ракетен напад врз Украина

    spot_img

    Русија изврши ракетни напади врз Киев и други украински градови за време на утринскиот сообраќаен шпиц во средата, при што загинаа три лица, а беа повредени најмалку десетина други, соопштија украинските власти, додавајќи дека нападите предизвикале пожари низ главниот град.

    Претседателот Володимир Зеленски изјави дека две лица се убиени во главниот град Киев и едно лице во Миколаев на југот на земјата.
    „Уште еден масовен напад врз нашата земја. Шест региони беа под непријателски напад. Сите наши служби сега работат на справување со последиците од овој терор“, напиша Зеленски на апликацијата за пораки Телеграм.

    Украинската воздушна одбрана собори 44 проектили и беспилотни летала од 64 лансирани од Русија во неколку бранови напади, изјави Валериј Залужни, командант на вооружените сили на Украина.

    Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, кој е во дводневна посета на Киев за да ја истакне поддршката на ЕУ за Украина, објави фотографија на платформата на социјалните мрежи Х од засолништето. „Утрото започна во засолништето додека алармите за воздушен напад се огласија низ Киев“, напиша тој.

    Борел разговара за воената и финансиската поддршка на ЕУ со највисоките украински функционери, како и за напредокот на Киев на патот на реформите во неговиот обид да се приклучи на 27-члениот блок.

    Киевските власти соопштија дека најмалку 14 лица се повредени во различни делови на главниот град. Пожарникарите гаснеа неколку големи пожари, а работниците за брза помош работеа на спасување луѓе од катна зграда во областа Голосивски, југозападно од Киев.

    Остатоците од руската ракета оштетија и неколку далноводи што резултираше со прекин на електричната енергија во делови од градот.

    Оштетени се околу 40 автомобили и автосервис.

    Максим Козицки, гувернер на западниот регион Лавов, изјави дека е погодена индустриска фабрика во градот Дрогобич.

    Олех Синехубов, гувернер на регионот Харков во североисточна Украина, рече дека руски проектили погодиле нестанбена инфраструктура во градот Харков, административен центар на регионот.

    Цела Украина беше во состојба на готовност за воздушен напад повеќе од два часа. Првите експлозии се слушнале нешто пред седум часот наутро во Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img