More

    Тројца сопственици на продавница силувале вработен затоа што недостасувале пари во касата

    spot_img

    Тројца мажи од Тирана сопственици на продавница, се осомничени дека во неделата киднапирале млад човек, го држеле во заробеништво и го тепале наизменично, тврдејќи дека им недостасувале пари во касата.

    20-годишното момче наводно било силувано од тројца мажи на плоштадот Скендербег во Тирана. Албанските медиуми објавија дека тие биле сопственици на продавницата во која работел младиот човек.

    Д.Б., Е.Х. и Х.П. се осомничени дека во неделата го киднапирале младиот човек, го држеле во заробеништво со часови и наизменично го тепале тврдејќи дека им крадел и дека им недостигаат пари во касата.

    Според полицијата, напаѓачите со часови  ѕверски се изживувале над младиот човек, тврдејќи дека во касата на продавницата им недостасуваат околу 10 милиони леки (околу 100.000 евра). Но, тие наводно подоцна на полицијата и споменале други суми.

    Полицијата привела двајца од напаѓачите како и уште едно лице кое било запознато со нападот, но не презело ништо да го спречи, додека потера по третиот напаѓач сè уште трае.

    „Во понеделникот во полиција пристигнала пријава од млад човек дека тројца мажи го киднапирале и го силувале, приведени се Д.Б.(36), Е.Х.(31), кои се осомничени за кривично дело, додека за Х.П.(19) сè уште се трага, а Т.К.(28) е приведен поради сомнение дека знаел за нападот, но не реагирал за да го спречи, ниту пак го пријавил случајот“ – стои во известувањето до албанската полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img