Алекса Милојевиќ (22) со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажавац, Србија, пишува Телеграф.
Момчето рекло дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил неподвижен, а татко му и баба му тешко болни.
– Тој е уапсен и го признал делото. На полицијата ѝ рекол дека повеќе не можел да се грижи за нив – изјавил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Осомничениот млад човек претходно не бил осудуван, а ќе следи истрага по што треба да се знаат повеќе информации.