Трогателниот момент кога девојчето виде дека нејзината сестра е жива во болница (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Би-Би-Си објави трогателно видео на кое се гледа реакцијата на петгодишното девојче кога видела дека нејзината сестра – осумнаесетмесечно бебе – преживеала.

Видеото доаѓа од Рафа, град во јужниот дел на Газа.

Џулија, 18-месечно бебе, беше извлечена од урнатините на уништената зграда и спасувачите итно ја префрлија во болницата Ел Наџар, јавува Би-Би-Си.

Од таа зграда била спасена и нејзината сестра, петгодишната Јури, која во истата болница и била санирана од повредите.

„Сестра ми, сакана моја“, извика Јури низ солзи кога сфати дека бебето преживеало.

Девојките биле во нивниот стан на ручек кога била бомбардирана зграда во нивната непосредна населба.

Од силината на ударот уништена е и куќата во која се наоѓале девојчињата, изјави нивниот вујко.

Девојките се здобиле со повреди на главата и по укажаната прва помош биле пуштени од болница, но се уште се под голем стрес и исплашени, изјавил чичкото на Јулија и Јури.

Извор: Ројтерс

 

Share This Article