Голем број граѓани, пријатели и роднини на брутално убиениот 19-годишник Фарис Пендек синоќа се собраа во Сараево во спомен на нивниот пријател, сосед, роднина и сограѓанин, но и во знак на протест поради неговото брутално убиство, што се случи во неделата нешто пред полноќ на раскрсница во сараевската населба Отока, пренесува босанскиот портал Кликс.
На насобраните им се обрати мајката на Фарис, која во трогателен говор им се заблагодари на сите што дојдоа и изрази надеж дека убиецот на нејзиното дете никогаш нема да излезе на слобода.
– Се надевам дека мојот син ќе биде последниот убиен само затоа што се враќал дома.
Таа потоа го раскажала последното нешто што му го кажала на својот син во кобната ноќ.
– Му реков „сине, не излегувај, утре си на училиште“. Тој рече „нема да останам долго, ќе се вратам“. И тој никогаш не ми се врати. Мојата душа, мојата половина од срцето. Втората половина е мојот друг син Исмет… Ви благодарам уште еднаш, на сите што дојдовте денес. Нашите врати се отворени за вас. Не можам да заборавам што направи за моето дете – рекла вознемирената мајка.
Во понеделникот вечерта во Сараево е уапсен Адем Шуман (24), осомничен за убиството на Фарис Пендек. Потоа е предаден на надлежното обвинителство и побаран е да биде ставен во притвор.
Според првите информации, расправија во сообраќајот била причина осомничениот Адем Шуман да посегне по огнено оружје и да пука во автомобил „цитроен“ во кое биле Фарис Пендек и неговите пријатели.
Според првичните информации, напаѓачот по расправија излегол од возилото, пукал во бел „цитроен“ во кој имало четворица патници, а потоа побегнал. Се се случувало на семафорите во населбата Отока.
Во инцидентот, брутално е убен 19-годишнуот Фарис Пендек, а двајца негови пријатели и врсници биле ранети. Четвртиот сопатник во автомобилот не е повреден.
На вечерашниот собир во Саревово спомен на брутално убиениот средношколец, на присутните им се обрати и братот на Фарис, Исмет.
– Сите знаете што се случи, а непријателите кои го негираат тоа наскоро ќе ја видат правдата. Секогаш во вакви ситуации велиме „се надевам дека ова ќе биде последен пат“, искрено се надевам дека никој никогаш нема да го доживее ова, заради безбедноста на нашето Сараево и БиХ – рече братот на Фарис.
Додека Сараево тагува за невино убиениот млад човек Фарис Пендек, беше откриено дека осомничениот за неговото убиство, Адем Шуман, бил осудуван и за поседување дрога. Исто така, Шуман имал повеќе од 60 сообраќајни прекршоци.
За ова полицијата со денови молчи, а прашање е и дали имал дозвола за носење и поседување оружје за пиштолот со кој го убил Пендек бидејќи тој е осудено лице, пишува Аваз.