More

    Трипуновски наскоро ќе ги објави злоупотребите во ресорот

    spot_img

    Владата дава силен фокус и покажа дека се грижи за земјоделците се со цел Македонија повторно да биде аграрна земја, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    На средба со пелагониските земјоделци во Новаци, Трипуновски нагласи дека владата обезбеди средства за исплата на заостанатите субвенции од претходните години, а се донесени и дополнителни мерки во функција на земјоделците.

    -Како Влада обезбедивме средства за исплата на заостанатите субвенции од претходните години, донесовме мерки кои им помагаат на производителите на јачмен и пченица, мерката зелена нафта ја зголемивме за 100%, потпишавме 967 договори за земјоделско земјиште, а ќе распишеме нови огласи за да на располагање го ставиме целото земјоделско земјиште – рече Трипуновски.

    Тој додаде  дека работаат на елиминирање на сите злоупотреби во овој ресор за што наскоро како министерство ќе информираат.

    Трипуновски информира и за  програмата за директно плаќање, односно дополнителната субвенција за хектар од 6.000 е зголемена на 12.000 денари, а со цел, како што рече, да излеземе во пресрет на земјоделците кои во оваа реколта произведуваат јачмен. Дополнително, додаде тој, од програмата за интервентен фонд се предвидени дополнителни 3 денари за предадена пченица во регистрирани центри за откуп.

    -Мерката ќе важи од 15 јули до 5 септември и сите што предале пченица ќе добијат дополнителни 3 денари. Владата им помага на земјоделците за да ги стимулира во следната сеидбена сезона да ги зголемат површините со пченица и да бидеме помалку увозно зависни од соседството или да имаме доволно пченица за сопствени потреби. Со обезбедените средства преку ребалансот ние ќе ги исчистиме сите заостанати обврски од 2020 до 2023 година, односно во 2024 година влегуваме без товар од претходните години. Исплатата на средствата ќе се врши плански и со соодветна динамика -рече Трипуновски.

    На прес конференцијата во Општина Новаци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше и за откупот на грозјето и пиперка ајварка.

    – Со податоците од државниот земјоделски инспекторат досега се откупени околу 45 милиони килограми грозје и откупот според временските услови ќе заврши во наредните пет до седум денови. Оваа година имаме рекордно највисока отпкупна цена за двете најзастапени вински сорти грозје вранец и смедеревка, но лозарите негодуваа за дел од законската регулатива која ние ќе ја промениме со ново законско решение за да биде во интерес, а не е на штета на лозарите. Жалам што оваа откупна сезона според количините е многу помала, а главен виновник за тоа е АД Водостопанство чие претходно раководство не успеа до обезбеди доволни количини вода до лозовите насади во моментот кога требаше да бидат полевани – рече министерот.

    Тој додаде дека е во тек  откупот на пиперката ајварка во струмичкиот и прилепско-битолскиот регион.

    -Имавме договорени цени кои до пред неколку денови се почитуваа, но се појави застој кај фабриките заради наплив од количини од бербата. Очекувам проблемот да се надмине затоа што ние сакаме земјоделците да бидат заштитени од било какви манипулации. Ние сакаме Македонија повторно да биде земјоделска држава, земјоделците да бидат заштитени, а министерството да биде вистински партнер и заштитник на трудот на македонските земјоделци – рече Трипуновски,

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img