Триесет и четиригодишната актерка Дакота Џонсон призна дека одлично се сложува со децата на нејзиниот партнер Крис Мартин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Триесет и четиригодишната актерка Дакота Џонсон призна дека одлично се сложува со децата на нејзиниот партнер Крис Мартин. Таа целосно ја прифатила улогата на маќеа и има прекрасен однос со Епл (19) и Мозес (17), кои пејачот на Колдплеј ги доби од бракот со актерката Гвинет Палтроу.

– Ги сакам тие деца како мојот живот да зависи од тоа. Ги сакам со сето мое срце – изјави Дакота Џонсон во своето ново интервју за Bustle, а потоа додаде дека луѓето не мора да бидат крвно поврзани за да бидат семејство.

Сепак, призна таа, сака да има свои деца со Мартин.

Таа вели дека пораснала во големо семејство и верувадека „крвта е погуста од водата“. Тоа е всушност изрека дека заветите за крв се подебели од плодовата вода, што во основа значи дека врските со луѓето што ќе ги изберете се посилни од врските со луѓето со кои сте поврзани по крв.

Дакота рече дека семејството што ќе го избереме може да биде исто толку важно, ако не и повеќе, од она во кое сме родени.

– Имам четворица браќа и две сестри, а две од моите сестри воопшто не се во крвно сродство, но се чувствуваат како сестри и така се нарекуваат и секогаш се заедно. Ниту еден од моите постари браќа не е во крвно сродство, но тие се браќа  вели убавата актерка.’

Дакота Џонсон е ќерка на Мелани Грифит и Дон Џонсон. Мелани го има синот Александар со поранешниот сопруг Стивен Бауер и ќерката Стела со поранешниот сопруг Антонио Бандерас. Дон Џонсон од друга страна има син Џеси со Пети Д’Арбанвил и ги дели Грејс, Џаспер и Дикон со поранешната сопруга Кели Флегер.

Share This Article