Три товарни возила вчера се судрија на магистралниот пат Охрид-Ресен, едно лице е тешко повредено.
Како што информираат од СВР Охрид вчера во 19.36 часот во било пријaвено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три товарни возила, „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(56) од Охрид, „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(47) од Велес и „митсубиши“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(43) од Охрид.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „митсубиши“, А.С.(41) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид“, соопшти полицијата.