Ако сакате да ослабете, потребна ви е упорност, решителност и треба да поработите на овој процес бидејќи не можеме преку ноќ да ја достигнеме саканата тежина. Сепак, губењето килограми може да биде заморен и фрустрирачки процес, а понекогаш, и покрај нашите најдобри напори, не го забележуваме губењето на тежината. Лекар и нутриционист наведоа необични причини зошто не можете да ослабете.
Брзи решенија и диета наместо здрави навики
Без разлика дали сте се свртеле кон кето или палео диета или некој друг модерен тренд, треба да знаете дека скокањето од една диета на друга е само рецепт за неуспех. Од друга страна, здравите навики во исхраната и добриот однос со храната заедно со редовното вежбање е она што ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми.
-„Секогаш кога ќе треба да се откажете од храната за диета, особено од онаа што ја сакате или да се изгладнете, голема е веројатноста дека нема да се држите до неа на долг рок. За долгорочен успех, посветете се на поздрав начин на живот кој ќе ви овозможи да се придржувате до планот за исхрана со години, а не со денови или недели“, објаснува Ејми Килен, лекар за регенеративна медицина и медицински советник во Joi Women’s Wellness.
Не јадете доволно протеини
Протеините се клучни за губење на тежината, бидејќи тие се многу заситувачки, помагајќи ви да се чувствувате сити и задоволни. Исто така, можеби сте повеќе склони кон прејадување ако не внесувате доволно протеини. Додека на просечниот здрав возрасен човек му требаат најмалку 0,8 грама протеини на килограм телесна тежина дневно, количината на протеини потребна за губење на тежината ќе варира во зависност од вашите индивидуални потреби и цели.
-„Не постои единствен одговор за тоа колку протеини треба да јадете за да изгубите тежина, но вообичаена препорака е да консумирате 1,2 до 1,6 грама протеини по килограм телесна тежина дневно. Тоа е околу 15 до 20 проценти од дневниот внес на калории“, вели нутриционистот Триста Бест.
Прескокнувате оброци
Недоволниот внес на калории може да биде значајна пречка за слабеење. Студијата на 26.000 испитаници покажа дека прескокнувањето оброци е поврзано со значително зголемување на телесната тежина. Истражувачите исто така откриле дека оние кои ја прескокнале вечерата имаат 10 отсто поголеми шанси да се здебелат, пренесува Best life.
„Прескокнувањето на оброците може да предизвика вашето тело да премине во режим на гладување, што го забавува вашиот метаболизам, што доведува до зголемување на телесната тежина наместо губење на тежината“, објаснува Бест.