Три деца се меѓу преживеаните во падот на „Азербејџан ерлајнс“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пилотот на авионот на „Азербејџан ерлајн“ кој се сруши близу Актау во Казахстан се одлучил за принудно слетување откако авионот удрил во птица, сугерираат првичните податоци, информира руската агенција за надзор на воздушниот сообраќај.

Во меѓувреме казахстанските власти соопштија дека 28 лица го преживеале падот на патничкиот авион во близина на Актау, меѓу кои и три деца. Се верува дека 39 лица загинаа во несреќата.

Патниците биле државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест државјани на Казахстан, тројца државјани на Киргистан и 16 Руси.

Според Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, од местото на несреќата досега се извлечени четири тела.

Авионската несреќа се случи утрово, кога авионот летал од Баку кон Грозни, но бил пренасочен поради магла во Чеченија. Наместо тоа, бил принуден на итно слетување на три километри од Актау, западен Казахстан.

Руски медиуми тврдат дека авионот не можел да слета во рускиот град Грозни поради напад на украински дрон.

Пилотот го пренасочил летот кон градот Махачкала, административен центар на соседната Дагестанска област, но, според руските медиуми, маглата го спречила да слета таму, пренесува Анадолија.

На крајот побарал дозвола да слета во Актау, казахстански град на Каспиското Море. Несреќата се случила на неколку километри од аеродромот во Актау.

Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев нареди истрага за несреќата, а азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја прекина посетата на Санкт Петербург, Русија, за да се врати во Баку по инцидентот.

- Advertisement -
Ad image

Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на неговиот азербејџански колега, соопшти Кремљ.

Share This Article