Трговците набавуваат повеќе кафе за Европа за да ги избегнат тешкотиите што би можеле да настанат на почетокот на следната година со стапувањето во сила на регулативата на Европската унија против уништувањето на шумите, објави Меѓународната организација за кафе (ICO).
– Залихите во земјите-производители пресушија бидејќи увозниците брзаа со пратки пред новиот закон со кој ќе се забрани увозот на земјоделски производи произведени на расчистено земјиште. Увозниците ги забрзуваат пратките бидејќи законот отвори прашања на кои Европејците сè уште не одговориле- рече извршниот директор на ICO, Ванусија Ногуеира.
Од асоцијацијата за кафе не се сигурни дека Европската Унија како најголем пазар на кафе во светот да им даде време на земјите производители и на трговците да се подготват за новите обврски.
Земјите како Бразил, Колумбија и Костарика се подобро подготвени за закон кој бара од производителите да добијат потврда дека кафето не се произведува на обесшумена земја, додека малите фармери во африканските земји ќе имаат повеќе проблеми.