Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред овие покачувања. Ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Последната мерка која ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, посочи премиерот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако дел од трговците ги зголемија цените на основните продукти кои не се дел од новогодишната кошничка.
– Утрово разговарав со министерот за економија и труд ( Бесар) Дурмиши, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред овие покачувања. Го почитуваат укажувањето и замолницата која јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот којшто следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат- рече Мицкоски.
Тој додаде дека ќе се следи состојбата и доколку има девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени построги мерки.
– Последната мерка која ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената. Но во овој момент најголемиот дел од трговците го почитуваат укажувањето и замолницата до нив и нема потреба од нови мерки – рече премиерот.