Се повеќе се наметнува прашањето дали ЕУ ќе воведе санкции за увозот на храна од Русија, откако статистичките податоци покажаа дека лани од унијата Русија се извезени земјоделски производи во вредност од 7 милијарди евра, а од Русија во ЕУ се увезени производи во вредност од 2 милијарди евра.
Европската комисија пред неколку дена објави предлог за воведување рестриктивна царина за увоз на руско и белоруско жито во износ од 95 евра за тон, што треба да ја намали конкурентноста на овие производи на пазарот на ЕУ, но и натаму е во важст одлуката на Еврпскиот совет за исклучување на храната и земјоделските производи од списокот на производи кои можат да бидат предмет на воведување секторски санкции со цел да се избегнат обвинувањата против ЕУ дека предизвикува недостиг на храна и глад во светот донесена во јуни 2022 година.
– Во однос на трговијата со Русија, ЕУ неодамна воспостави одредени бариери и воведе царини кои го намалуваат увозот на жито од Русија. Вкупниот обем на таквиот увоз низ Европската унија беше околу 2,5 милиони тони во 2022 година – 1 милион тони житарки и 1,5 милиони тони сончоглед. Во 2023 година, овој волумен остана речиси непроменет. Најголем увозник на руско жито е Италија – 478 илјади тони, на второ место е Летонија – 360 илјади тони, Литванија исто така доби одредена сума, сега одбива да продолжи со таков увоз – изјави еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчечовски.
Според неговите податоци, Естонија минатата година увезла мал дел од руските житни производи додека Полска увезла 3.500 тони жита и 4.000 тони сончоглед. Храна од русија увезувале и Унгарија и Словачка.
Еврокомесарот потсети дека трговијата со храна со Русија останува чувствително прашање за ЕУ, бидејќи санкции во овој сектор би значеле дека ЕУ предизвикува недостиг на храна во светот и би се изгубил голем пазар за европската храна.
– Сега сме отворени за воведување ограничувања за увоз на земјоделски производи од Русија. Но, мораме да запомниме дека трговијата оди во двете насоки. Во 2023 година Европската Унија во Русија извезла земјоделски производи во вредност од 7 милијарди евра, а оттаму увезла стока во вредност од 2 милијарди евра. Мора да го земеме предвид овој фактор. Оваа ситуација во трговијата со Русија е различна од онаа што ја имаме со Украина. Во 2023 година нашиот (земјоделски) увоз од Украина изнесуваше 11,5 милијарди евра, но во Украина извезовме околу 3 милијарди – изјави еврокомесарот.
Тој наведе дека минатата година вкупниот обем на извозот на ЕУ во Украина изнесувал 39 милијарди евра, додека европските земји увезле стоки од Украина за 23 милијарди евра, односно ЕУ останала во „плус“ за 16 милијарди евра.
– Ова покажува дека имаме победници и губитници од либерализацијата на трговијата со Украина. Економијата на ЕУ како целина победува, но земјоделците губат. Затоа мораме да ги надоместиме нашите земјоделци за овие загуби, особено преку државна помош. Ова е важен политички сигнал и таква помош треба да добијат нашите земјоделци – додаде Војчечовски.
Европската комисија пред неколку дена објави предлог за воведување рестриктивна царина за увоз на руско и белоруско жито во износ од 95 евра за тон, што треба да ја намали конкурентноста на овие производи на пазарот на ЕУ.
На 20 март, претставниците на Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за продолжување на мерките за либерализација на трговијата за Украина за уште една година, до 5 јуни 2025 година, со истовремено воведување заштитни мерки за увоз на одредени видови на храна од Украина.
Денеска овие предлози формално се разгледуваат од Комитетот на постојани претставници на ЕУ на амбасадорско ниво.