Третата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе го пропушти Вимблдон поради повреда на рамото

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Третата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе го пропушти Вимблдон поради повреда на рамото.

Белорусинката предвреме го заврши денешниот тренинг и се повлече од Грен слемот во Лондон.

– Срцето ми е скршено што треба да кажам дека нема да можам да играм на Вимблдон оваа година. Пробав сѐ за да се подготвам, но за жал моето рамо не може да се справи. Дадов сѐ од себе на денешниот тренинг, но тимот објасни дека играњето само ќе ги влоши работите. Овој турнир ми значи многу и ветувам дека следната година ќе се вратам посилна од кога било – објави Сабаленка.

Во главната ждрепка нејзиното место ќе го пополни „среќната губитничка“, Русинката Ерика Андреева. Таа ќе игра со Емина Бекташ.

Share This Article