Тренерот на Риека повторно привлече внимание со својата изјава: За жал, уште не сме Манчестер Сити

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Риека одигра 1:1 со шведски Елфсборг во рамките на третото прелиминарно коло од Европската лига.

Риека имаше играч повеќе 35 минути во вториот дел, но резултатот сепак остана 1:1. Вака го виде натпреварот тренерот на Риека, Жељко Шопиќ.

„Кога се ќе се собере и одземе, секако дека не можам да бидам задоволен. Имавме повеќе играчи и многу поголем број на можности. Од друга страна водеа со 1-0, имаа уште една убава шанса од контра. Не сум среќен или несреќен, така е. Повторно дојдовме до нашите 20 удари, но без гол, знам дека сите мислите дека сме Манчестер Сити, но за жал се уште не сме“, изјави тренерот Жељко Шопиќ.

Пласман во плеј-офот Риека ќе бара во Шведска, на вештачка трева.

„Помладите генерации играчи пораснаа на вештачка трева, па мислам дека нема да им треба премногу прилагодување. Имаме технички квалитетен тим, знаеме дека таму ќе има притисок, но овие момци се подготвени да одговорат на сите предизвици“, заклучи Сопиќ.

Share This Article