More

    Тренерот на Лече полуде по поразот од Верона

    spot_img

    Тренерот на тимот италијанскиот фудбалски клуб Лече, Роберто Д’Аверса изнервиран по поразот од Верона (1-0) го нападна и со глава го удри противничкиот фудбалер Томас Анри.

    Д’Аверса кој е поранешниот фудбалер на Милан, Монца, Сампдорија, Сиена и поранешен тренер на Парма и Сампдорија ги загуби нервите и по натпреварот го нападна францускиот напаѓач. Доби црвен картон, а сега Лече ја осуди постапката на својот тренер.

    – Излегов на теренот за да ги спречам моите играчи да добијат црвен картон бидејќи играчите на Верона ги испровоцираа во последните моменти од натпреварот и по крајот на натпреварот. Не беше убаво тоа што го направив и го знам тоа. Нема оправдување за тоа и отидов кај играчите на Верона да им го објаснам моето однесување. Не излегов намерно на теренот за да го направам тоа –  изјави Д’Аверса по натпреварот.

     

    Лече по овој пораз е во големи проблеми бидејќи е изедначен со Емполи со 25 бода, а има бод повеќе од Удинезе и Фросиноне кои го делат местото кое води во Серија Б. Имаат два бода повеќе од претпоследниот Фросиноне, а Верона со победа ги надмина со бод колку што има и Каљари. Во последните 10 кола претстои изедначена трка меѓу екипите кои се борат за опстанок во Серија А.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img