Јулијан Нагелсман може да го води Баерн во неделното дерби против Унион Берлин, бидејќи избегна суспензија по неговиот бес на теренот по поразот на неговиот тим со 3-2 од Борусија Менхенгладбах во последното коло од Бундеслигата.
Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) во средата објави дека го казни Нагелсман со 50.000 евра, што Баерн го прифати.
Нагелсман збесна и бурно реагираше на судиите на натпреварот поради исклучувањето на дефанзивецот Дајот Упамекан во осмата минута од натпреварот.
Од ДФБ соопштија дека не одлучиле да го суспендираат Нагелсман, бидејќи никогаш претходно не бил казнет, тој многу брзо се извини за неспортскиот избор на зборови и се покаја за своето однесување во официјална изјава за време на истрагата за овој случај.
Пред Баерн, кој ги освои последните десет титули во германскиот шампионат, се води една од најнеизвесните битки за нов триумф во Бундеслигата, бидејќи Баварците се изедначени во бодови со Борусија Дортмунд и Унион Берлин на 13 кола пред крајот на првенство. Сите три екипи имаат по 43 бода. На четвртото место е Фрајбург со 40 бодови, а петтопласираниот РБ Лајпциг има 39 бодови.