Австралискиот тренер во пливање Дик Кејн (76) се соочи со 11 обвиненија за сексуално злоставување млади пливачки во текот на 70-те години од минатиот век, објавија денеска локалните медиуми.
Обвинувањата се однесуваат на пет девојки, кои Кејн ги тренирал во 70-години од минатиот век, како и за сексуален напад врз жена во 1992 година.
Кејн беше приведен кон средината на мај, а локалните медиуми наведуваат дека му била одобрена кауција бидејќи боледува од рак во терминална фаза.
Почетокот на судскиот процес е закажан за 30 август.
Кејн се пензионираше во 2020 година, а во својата кариера тренираше 11 олимписки и светски прваци.