Косовски тренер кој ѝ удри шлаканица на теквондистка затоа што изгубила во меч со натпреварувачка од Србија доби шестмесечна забрана за учество на сите типови натпреварувања. Ваљмир Фетиу беше казнет од Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана.
Осумгодишната натрпеварувачка која ја удри Фетиу е негова ќерка. Тренерот подоцна јавно се извини за инцдиентот кој беше фатен на камера.