More

    Тренерот на Челзи се жали на Реал

    spot_img

    Тренерот на Челзи, Томас Тухел, смета дека Реал има предност во однос на неговиот тим поради правото во Шпанија на пет измени, а исто така и дека тежината на Премиер лигата негативно влијае на неговиот тим.

    – На почетокот сакавме да бидеме подобри во однос на физичките перформанси, но во првиот натпревар не работевме доволно напорно. Второ, Реал Мадрид има огромна физичка предност, бидејќи игра со пет замени цела година, а ние играме во најтешката лига во светот, имаме најмногу натпревари во сезоната и во 2022 година. Затоа, не е секогаш толку лесно да се игра интензивно – вели Тухел и додава:

    – За да го направиме нашиот тим посебен, потребна ни е добра форма, острина, посветеност и вложување. Во последниот натпревар, не можевме сето тоа да го искористиме доволно. Една од причините зошто тоа се случи е тоа што тие имаат умешност, способност да ја забават играта и да го контролираат натпреварот преку поседот на топката.

    Првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите меѓу клубовите заврши со победа на Реал Мадрид со резултат 3:1. Реваншот ќе се игра утре, 12 април, во Мадрид со почеток во 21 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img