More

    Треба ли Западот да се загрижи од пораката која Си Џипинг му ја упати на Путин

    spot_img

    Пред да замине од Москва, каде што два дена се состана со Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг му рече на рускиот колега дека „доаѓаат промени“.

    – Доаѓа промена која не се случила во последните 100 години. Ќе ја донесеме со заеднички сили“, му рекол Си Џинпинг на Путин, пренесува Дејли мејл.

    Ваквата порака од кинескиот лидер се чини дека треба да го загрижи Западот, кој на испраќањето додал: „Те молам внимавај, драг пријателе“, на што Путин му посакал да патува безбедно.

     

     

    Во текстот на Дејли мејл се наведува дека загрижувачката порака за промени „како што светот не видел 100 години“ е испратена откако Путин рекол дека ќе одговори на плановите на Велика Британија да испрати муниција што содржи осиромашен ураниум во Украина.

    – Ние сме еден чекор поблиску до употреба на оружје со нуклеарна компонента доколку тоа се случи – рече рускиот претседател.

    – Се чини дека Западот сака да војува со Русија додека не падне последниот Украинец – рече рускиот претседател.

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека светот е „на дофат“ на нуклеарна катастрофа.

    – Направен е уште еден чекор. Остануваат сè помалку од нив – рече Шојгу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img