Треба да го одобрат новото одложување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Компаниите во процесот на работа, во 2022 година, создале 1,397 милиони тони отпад. Од вкупното количество создаден отпад, 70,5 % е неопасен отпад, a 29,5 % опасен отпад, покажуваат подaтоците на Државнiот завод за статистика.

Најмногу отпад е создаден во секторот „рударство и вадење на камен“, вкупно 497.000 тони (35.6 %). Овој сектор  е и најголемиот создавач на опасен отпад кој во 2022 година изнесувал 404.989 тони, додека 91.989 тони отпад создаден во рударството бил неопасен.

 

Спротивно на рударството преработувачката индустрија создала големи количини на неопасен отпад. Од  вкупно 491.332 тони одпад создаден во оваа индустрија неопасен бил 488.836 тони, додека  2.496 тони бил неопасен.

Еден од секторите кој создава поголеми количини опасен отпад е секторот „снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината. Во него се создадени 1.208 тони опасен отпад од вкупно 218.316 тони отпад.

Дејности на здравствена и социјална заштита, пак, создале 829 тони опасен отпад.

Најголеми количини хемиски отпад 2.211 создала преработувачката индустрија, која создала и големи количини метални отпадоци, мешани обоени и необоени, вкупно 233.613 тони и отпадоци од согорување вкупно 112. 890 тони.

Индустриски отпадни талози најмногу се создадени во секторот „снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“- 2. 673 тони, каде што се создадени и 7.209 тони отпадоци од хартија и картон,  6.313 тони отпад од пластика  и отпад од текстил 2.104 тони.

- Advertisement -
Ad image

Меѓутоа, најголем создавач на отпад од хартија и картон се услужните дејности кои во 2022 година создале 52.274 тони. Овој сектор создава и најголеми количини на отпад од пластика, вкупно 15. 300 тони и отпад од дрво 4. 225 тони.

Во 2022 година вкупно се третирани 1.376 илјади тони отпад. Количеството на рециклиран отпад или отпад предаден за рециклирање изнесува 564.000 тони. Според видовите отпад што е рециклиран или предаден за рециклирање, најголемо е количеството на отпад од категоријата отпадоци од железен метал, необоени метали, отпадоци од хартија и картон и отпадоци од пластика. Од создадениот отпад, 21.000 тони се складиран отпад.

Најголеми количини на отпад  793.108 тони е депонирање во или над земјата, каде што завршиле и 402.536 тони опасен отпад. Вкупно10.490 тони отпад е согорен за добивање енергија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article