Транспарент со Путин го изненади Фараж за време на митинг

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Водачот на партијата Реформ УК, Најџел Фараж, беше фатен неспремен на предизборен митинг во саботата кога зад него на сцената почна да се спушта транспарент на кој се гледа насмеаниот Владимир Путин, објави британски Телеграф.

– Кој го постави тоа таму – праша Фараж откако плакатот, поставен од кампањската група „Лед бај донкис“ (Led By Donkeys), полека се спушташе од таванот додека тој зборуваше.

Објавувајќи видео од инцидентот на социјалните мрежи, групата „Лед бај донкис“ пиша: „Само што влеговме на предизборниот митинг на Фараж со светла слика на Путин. Најџел не беше задоволен“. Оваа група е позната по нејзините ставови против Брегзит.

На видеото се гледа како транспарентот полека се спушта зад Фараж додека држи говор и го осудува „отровот што им се предава на нивните деца“, тврдејќи дека на учениците им се кажуваат само „лошите работи што ги правеле Британците во нивната историја“.

На транспарентот се гледа слика од рускиот претседател, Владимир Путин, на која се насмевнува со палците нагоре, а долу со задебелени букви пишува „Јас (срце) Најџел“.

Ова се случува откако Фараж беше обвинет дека „игра во рацете на Путин“ тврдејќи дека Западот ја испровоцирал Русија да ја нападне Украина.

Во интервју за Би-Би-Си Панорама, тој рече дека „постојаното проширување на НАТО и на Европската Унија кон исток“ му дава на Путин причина да ја оправда војната.

Share This Article