Трансфер кој изненади многумина: Баерн се засили со млад Шпанец, кој неодамна дебитираше за репрезентацијата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот гигант Баерн Минхен за новата сезона го додаде 22-годишниот Шпанец Брајан Сарагоса од Гранада, пренесуваат германските медиуми.

Според информациите на порталот Sportbuzzer и телевизискиот канал Скај, германскиот шампион за трансферот наводно платил 15 милиони евра.

Сарагоса потпиша договор со баварскиот клуб до 2028 година, но ќе му се приклучи на Баерн дури на лето, од 1 јули 2024 година.

Интерес за Сарагоса изразија и РБ Лајпциг и англиски Брентфорд.

Висок само 1,64 метри, левоногиот напаѓач одигра 51 натпревар за Гранада (10 гола, 3 асистенции), а за шпанската репрезентација дебитираше во октомври.

Share This Article