More

    Трамп сака крај на судирите и не верува никому

    spot_img

    Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“  ја критикуваше Украина поради употребата на американските ракети со долг дострел врз територијата на Русија.

    – Тоа што се случува е лудост. Тоа е лудо. Категорично не се согласувам со испраќање ракети стотици километри во Русија. Зошто го правиме ова? Ние само ја ескалираме војната и ја влошуваме. Ова не требаше да се дозволи – посочи Трамп во интервјуто објавено на денот кога беше прогласен за личност на годината од магазинот „Тајм“.

    Трамп, запрашан дали ќе ја напушти Украина, истакна дека ќе ја искористи американската помош за Киев како алатка против Русија во преговорите за ставање крај на војната.

    – Сакам да постигнам договор. Единствениот начин на кој може да се постигне договор е да не се напушти Украина – наведе Трамп.

    Тој посочи и дека сака да стави крај на војната во Појасот Газа и оти тоа го знае и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

    Трамп истакна дека за својот став го известил Нетанјаху во телефонски разговор за време на претседателската кампања. На прашањето дали му верува на Нетанјаху, новоизбраниот американски претседател истакна дека „не верува никому“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img