Трамп повторно на мета

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полицијата во  градот Џупитер, во американската сојузна држава Флорида уапси маж кој е обвинет дека преку социјалните мрежи им се заканувал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и на неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс, објавија денеска американските медиуми.

Според полицијата, уапсен е Мајкл В. Вајсман, кој е обвинет за упатување закани за убиство, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

– Тој не даде отпор при апсењето и подоцна беше одведен во затворот во Палм Бич – изјави полицискиот службеник Дон Хенеси.

Градот Џупитер е 32 километри од резиденцијата на Трамп, Мар-а-Лаго во Палм Бич. Како што е наведено, Вајсман постојано преку Фејсбук им се заканувал на Трамп, Венс и на нивните семејства.

Share This Article