Луѓе се молеа заедно со американскиот претседател Доналд Трамп во кубанскиот ресторан „Кафе Версај“ каде тој се упати откако заврши првото рочиште од неговото судење, пишува Би-Би-Си. Освен ова, на видеата може да се види и дека присутните обожаватели во ресторанот му пееја „Среќен роденден“, а тој им делеше автограми.
Кубанскиот ресторан „Кафе Версај“ се наоѓа во Мајами. Сметката ја плати Трамп. Тој вчера наполни 77 години.
На социјалните мрежи луѓето коментираат дека тој прилично добро го поднел првото соочување со судот, со оглед на фактот дека се товари за незаконско држење во тајност на доверливи документи на САД.
Поранешниот американски претседател претходно се изјасни за невин по обвинението од 37 точки за злоупотреба на доверливи документи.