Трамп не го очекува ниту Путин, но се надева на посета од Џинпинг

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би сакал на својата инаугурација да го види кинескиот претседател Си Џинпинг, кого го поканил на церемонијата во Белата куќа. Покана за настанот не добиле украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин.

– (Си Џинпинг) кажа дека нема да дојде, но ќе дојде. Зеленски не го поканив, но… може да дојде – изјави Трамп.

Новоизбраниот претседател постојано повторува дека ќе направи војната во Украина што побрзо да заврши.

– Ќе разговарам со претседателот Зеленски, а ќе разговарам и со (претседателот на Русија Владимир) Путин бидејќи овој масакр мора да заврши.

 

Освен тоа, Трамп кажа дека одлуката на администрацијата на американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, да ѝ дозволи на Украина напади длабоко во руска територија со американско оружје била глупава.

– Мислам дека тоа беше многу лоша идеја со многу негативни последици. Беше глупаво, особено неколку недели пред да ја преземам должноста – кажа Трамп на конференција за новинарите во Мар-а-Лаго на Флорида.

Новоизбраниот американски претседател напомена и дека оваа акција не била договорена со него, ниту со неговиот тим и дека би сакал да имал можност да влијае на оваа одлука.

Аналитичарите стравуваат дека во мандатот на Трамп Украина нема да продолжи да ја добива потребната воена и финансиска поддршка од Вашингтон и дека ќе биде принудена да преговара со Русија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article