Трамп го постави Кенеди за секретар за здравство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска ќе го номинира активистот против вакцини Роберт Ф. Кенеди помладиот за секретар за здравство и социјална заштита.

„Американците предолго беа задушени од индустрискиот прехранбен комплекс и фармацевтските компании, кои се занимаваа со измами, дезинформации кога станува збор за јавното здравје“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Тру сошал“ (True Social).

Тој додаде дека Кенеди ќе ја направи „Америка повторно голема и здрава“.

Кенеди е поранешен демократ, кој влезе во овогодишната претседателска трка како независен кандидат, но се откажа во август кога склучи договор со Трамп да го поддржи со ветување дека ќе има улога во политиката за здравствена заштита на администрацијата на Трамп.

Share This Article