Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека неговата личност ги држела САД надвор од војната во текот на четирите години од неговиот мандат.
-„Јас бев единствениот претседател во речиси четири децении кој не ја доведе Америка во нови конфликти“, рече Трамп на митинг во Јужна Каролина.
Поранешниот претседател рече дека САД не треба да бидат толку зависни од руската енергија. Тој исто така додаде дека стравува дека конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна.
-„Ако мислите дека Путин ќе престане, тоа ќе станува полошо и полошо“, рече Трамп, цитиран од Скај њуз.