More

    Трајко Вељаноски потсетува дека тој во 2009 година чествуваше на Прохор Пчински

    spot_img

    Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски им се заблагодари на пријателите од Србија за денешниот гест, бидејќи ја овозможија посетата на претседателот Стево Пендаровски на манастирот Свети Прохор Пчињски.

    „Претседателот на Македонија бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано“, напиша на Фејсбук Вељаноски.

    Два дена медиумите тврдеа дека последното чествување на Илинден во манастирот Прохор Пчински било пред 18 години. Се мисли на 2004 година кога манастирот го посети тогашниот претседател Бранко Црвенковски и во таа прилика се сретна и со владиката Јован. Но, пет години подоцна, со лично залагање на сега покојниот Љубиша Георгиевски, тогашен македонски амбасадор во Белград, Вељаноски беше во манастирот и достојно го чествуваше Илинден.

    Тој додава и дека протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеес се поклонија преставниците на нашата држава, како што тој тврди, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img