Tрагична сообраќајна несреќа се случила вчера во Битола при што едно лице загина, а друго се здоби со тешки телесни повреди.
Како што информираат од полицијата, патничко возило сузуки, управувано од Б.К. (54) од Битола, излетало од патот и удрило во бетонски столб на улицата Довлеџик. Од здобиените повреди на местото, сопатникот М.К. (80) од Битола, тraгично починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.
Возачот на возилото, Б.К., се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола за понатамошно лекување.
По несреќата, на местото беше извршен увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. Причините за несреќата се уште се истражуваат