Просториите во МРТВ кои порано се користеа за издавање изводи и уверенија за државјанство, сега се реновирани и се прават последните подготовки во нив да се издаваат патни исправи.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави видео во кое со соработниците ги договараат последните чекори пред новиот систем да биде пуштен во употреба.
Како што се појаснува, изготвената патна исправа ќе биде внесена во системот, а граѓанинот ќе добие порака со ден и време за подигнување на документот.
„Ставаме крај на хаосот и воведуваме ред во делот на издавањето на готовите пасоши. Со новиот систем граѓаните ќе бидат информирани кога ќе можат да си ги подигнат изготвените патни исправи“, напиша на Фејсбук Тошковски.