Тошковски: Приведени се вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот во скопската населба Железара

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Приведени се вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој беше во работна посета на Општина Босилово.

– Според моите информации, приведено е уште едно лице, значи вкупно приведени се три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичката состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена – рече Тошковски.

Во вчерашното гостување во поткастот „Претрес“, Тошковски изјави дека има осомничени лица за убиството, како и одредени материјални траги кои водат до осомничените и посочи дека се преземени 20 истражни дејствија, како и дека се прегледани над 50 камери и  видео записи.

Според првичните наоди, министерот рече мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

68-годишниот лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“.

Лекарот имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

Share This Article