More

    Тошковски гарантира за безбедноста на граѓаните и покрај најавите за дестабилизација

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици коишто ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

    Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.

    – Службите во рамки на институционалните форми коишто ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она коешто сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на којшто ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата – рече министерот.

    Дополни дека МВР во изминатиот период има отворено голем број на истраги.

    – Потребно е време за во рамки на една законита процедура, почитувајќи ги сите правила и принципи на законито однесување од страна на секој еден којшто е инволвиран во рамки на овие предистражни, истражни постапки коишто сме ги презеле и ќе ги преземаме во иднина. Но, резултати ќе има. Таму каде што имаме докази, дека е прекршен законот и одредени стандардни оперативни процедури. Таму каде што ќе имаме докази дека душмански е краден македонскиот народ, соодветно ќе одговориме, со кривични пријави и со кривични постапки. Таму каде што ќе немаме докази, ќе си биде исто така соодветно постапено – посочи тој.

    Прашан за нападот врз претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, што се случил во петокот, одговори дека е постапено и се преземаат дејствија.

    – Постапено е од страна на МВР во однос на предметниот случај којшто го споменавте. МВР ги презема сите потребни дејствија. Веднаш е одговорено по добиена пријава за конкретниот настан и се постапува. Сè уште не можам да одговорам на вашето прашање – рече министерот.

    Тошковски информираше и дека во рамки на МВР во изминатиот период и во иднина ќе следат голем број на постапки врз основа на коишто ќе треба да се одбере соодветен раководен кадар.

    – Како на оние позиции каде што немаме моментално, како и на оние позиции коишто се нераководни, а има потреба од ангажирање на полициски службеници како од самото министерство, така и однадвор. Секое постапување ќе биде транспарентно споделено со јавноста во однос на сите дејствија што ги преземаме. Секој еден во рамки на МВР којшто исполнува соодветни законски услови ќе може да аплицира за предметното место за коешто има интерес и соодветна комисија во рамки на министерството ќе одлучи кој е во игра, кој не е во игра – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img