Топланата „Скопје Север“ и ЕСМ потпишаа договор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир и Бутел од утре наутро повторно ќе имаат парно греење. Покрај тоа, АД Скопје Север го потпиша договорот за деловно-техничка соработка со АД ЕСМ, за што АД ЕСМ на почетокот на грејната сезона доби задолжение со одлука од Влада, а по барањето искажано од АД Скопје Север за финансиска поддршка за набавка на гас, информираат од АД ЕСМ.

– АД ЕСМ со средства добиени наменски од Буџетот на Република Северна Македонија во текот на попладневните часови изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, Макпетрол пром-гас, по што природниот гас ќе биде најбрзо испорачан до АД Скопје Север за во што пократок рок да почне повторната испорака на топлинска енергија. Договорот е потпишан и од АД Скопје Север и од сопственикот АД Топлификација во стечај, и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на АД ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, АД ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата, соопшти АД ЕСМ.

Share This Article