Во текот на гостувањето во „Радио Далмација“, хрватскиот пејач Тони Цетински раскажал како се справувал со пандемијата на коронавирусот, кога музичарите не одржуваа концерти поради епидемиолошки мерки.
– Едвај преживеав. Тоа не е финансиска работа бидејќи човек по 30 години кариера се навикнува да штеди. Јас и жена ми го немаме тој стил на живот, што на луѓето надвор може да им се чини дека естрадата живее нешто гламурозно. Ние живееме доста скромно и нормално, ништо поразлично од нормален човек. Се трудиме да не трошиме на глупости – изјавил пејачот.
Цетински вели дека едвај чекал да може да патува нормално. Имено, Тони минатата година стана дедо, а со својата внука редовно се слуша преку видеоповик.
„Сега само го чекам вистинскиот момент да одам во Берлин. Тие живеат во Берлин и сѐ уште не сум ја видел во живо. Ја гледам секој ден преку видеоповици, играме што повеќе преку тие телефони и контактираме , но морам да одам во Берлин, морам да се упатам таму и да ја гушнам. Тогаш ќе ви кажам какво е чувството. Засега мислам дека тоа е исто како кога некому му објаснуваш како е да се биде родител. Тоа никому не можеш да му го објасниш додека не стане родител, затоа да се биде дедо, мислам дека е нешто уште повеќе“, заклучил Цетински.
ФОТО: Patrik Macek/Pixsell