Тончи Хуљиќ откри како сфатил дека Петар Грашо ја завел неговата ќерка

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хрватскиот пејач Петар Грашо е еден од најомилените изведувачи во целиот регион, а неговите балади ги обожаваат веќе долга низа години. Освен неговата музичка кариера, во фокусот е и неговиот љубовен живот, а познато е дека Грашо е во брак со Хана Хуљиќ, со која Грашо во 2022 година ја доби и ќерката Алба, пренесува „Глоси“.

Хана е ќерка на Тончи Хуљиќ, а неговиот однос со Грашо е повеќе од интересен, бидејќи и двајцата биле пријатели и колеги пред Петар да се ожени со Хана.

Петар Грашо и Тончи Хуљиќ открија неколку интересни факти за нивниот однос во најновата епизода на „Књазалиште“. Имено, во емисијата гостуваше Петар Грашо, но во неколку наврати се појави и Тончи Хуљиќ.

Хуљиќ во еден момент од емисијата откри и како сфатил дека Грашо ја завел неговата ќерка Хана.

„Сфатив дека нешто се случува меѓу него и ќерка ми кога тој веќе немаше никакви забелешки. Доаѓаме во студио, снимаме песна и нему сè му е во ред. Секој пат се согласува со мене, нема проблем, разговорите течат нормално. Мислев дека нешто не е во ред со него. Дека мора да оди на лекар. Мислев дека е болен“, изјави Тончи Хуљиќ.

Тончи и Петар зборуваа за нивниот однос, а нивното меѓусебно „боцкање“ на публиката ѝ е секогаш интересно!

„Каков е Тончи Хуљиќ како дедо? Јас сум му нему одличен, а тој ми е мене очаен“, на шега рекол Петар и додал:

„Додека готвам ме навредува дека тоа сигурно нема да биде добро, потоа кога ќе завршам со готвењето, тој ќе изеде сè, ќе испие сè, па вие проценете кој за кого е добар“, изјавил Грашо за „Ин магазин“.

На сметка на Петар се пошегувал и Тончи.

- Advertisement -
Ad image

„Тој е лош пример за сите сопрузи, човек кој е толку брилијантен во куќата, што сите пријатели кои ги доведов таму со нивните сопруги ми рекоа повеќе да не ги носам таму да го гледаат тоа. Човекот навистина готви и тоа неверојатно добро. Така што немам што да му советувам, а нема ништо полошо од тоа кога бабите и дедовците премногу се плеткаат. Плеткај се колку што тие бараат“, рекол Тончи во една прилика.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article