More

    „Тоа може да претставува смртна казна за нив“, реагираше СЗО

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека принудувањето на илјадници пациенти во Појасот Газа да се евакуираат во веќе преполните болници може да биде „смртна казна“ за нив.

    Израел им нареди на Палестинците да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа пред очекуваната копнена офанзива против Хамас, една недела по најсмртоносните напади во израелската историја.

    „СЗО силно ги осудува повторените израелски наредби за евакуација на 22 болници кои згрижуваат повеќе од 2.000 лежечки пациенти на северот на Газа. Присилната евакуација на пациентите и здравствените работници дополнително ќе ја влоши хуманитарната и здравствената катастрофа“, се вели во соопштението на СЗО.

    „Преместувањето на пациентите на југ од Газа „каде што здравствените установи се веќе со максимален капацитет и не се во состојба да го примат драматично зголемениот број пациенти може да се граничи со смртна казна“, заклучува СЗО.

    Здравствените работници во Газа предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат, бидејќи болниците полни со повредени остануваат без гориво и основни залихи. Според проценките на Обединетите Нации, се очекува дека во рок од два дена болниците ќе останат без гориво за генераторите.

    Во болницата Насер, во јужниот град Кан Јунис, собите за интензивна нега се полни со повредени пациенти, од кои повеќето се деца помлади од три години. Стотици луѓе со сериозни повреди од експлозијата пристигнаа во болницата, каде се очекува гориво да снема до утре, според д-р Мухамед Кандил.

    Ако снема горивото, посочи тој, „тоа значи дека целиот здравствен систем ќе биде затворен“, вели тој.

    – Се работи за уште една катастрофа, уште едно воено злосторство, историска трагедија. Сите овие пациенти се во опасност доколку ако струјата се исклучи-изјави докторот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img