More

    Тоа е манифестација на зло од руските терористи, вели Зеленски

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски  во синоќешното обраќање алармираше дека Русите гранатирале и пунктови за евакуација во околината на Херсон, посочувајќи дека тоа е зло од најголеми размери.

    -Продолжуваат да го гранатираат Херсон и населбите во регионот, кои терористите веќе ги поплавија. Тие дури и ги гранатираат пунктовите за евакуација, што е манифестација на злото што можеби ниеден терорист во светот, освен руските, никогаш не го направил – рече украинскиот претседател.

    Украинските власти претходно соопштија дека Зеленски изјави дека украинските власти на сите нивоа работат на спасување што е можно повеќе луѓе од поплавените подрачја по катастрофалното уривање на браната во Украина.

    -Евакуацијата е во тек. Каде и да можеме да ги извлечеме луѓето од поплавеното подрачје, тоа го правиме. Државната служба за итни случаи, полицијата и армијата вршат одлична работа. Сакам да му се заблагодарам на секој од вас што е вклучен – рече Зеленски

    Тој им се заблагодари на меѓународните организации кои се присутни на „слободните територии“ и даваат конкретна помош, иако изрази загриженост дека ниту една од овие групи не пристапила до областите на зоната на катастрофата под руска окупација.

    Најмалку 2.339 луѓе се евакуирани, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина. Но, евакуацијата е отежната поради континуираното руско гранатирање, како и недостатокот на ресурси, велат властите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img